Еден живот една љубов

Еден живот една љубов

Saturday, December 6, 2014

Недостижен сон за двојната фудбалска титула

Во сезоните на хаос во нашиот фудбалски клуб, можевме да се пофалиме само со еден куп трофеј кој рака на срце беше освоен под крајно сомнителни услови. Славевме во финалето против Победа, на која за возврат и ја подаривме победата во првенството, а притоа му извадивме нерешено на Работнички, за да ја оставиме Победа во трка за титулата, која потоа ја освои со победа во Скопје против Работнички. 
Од тогаш, веќе 7 сезони Вардар го нема во завршницата од купот, со еден настап во полуфиналето кое го загубивме против Шкендија. Финалето останува само мисловна именка за нас и во оваа сезона. 
Вардар со финансиите кои ги има, може да се "пофали" дека не успеа ниту да презими во Македонскиот куп?



Само за две недели откако Андреев изјави дека ретко која екипа може да му даде два гола на Вардар, Македонското Челзи ака Тетовска Ренова успеа да ни го нанесе првиот пораз во првенството, победувајќи не со 3-0, а денеска и да не елиминира од купот, откако ја анулираше предноста од 3-1 од Скопје, славејќи со 2-0.
Како што напоменавме, во Вардар сите како да чекаат Дашијан да ја донесе сам победата. Дашијан денес не настапи поради повреда, додека Хамбарџумијан беше суспендиран за овој меч поради жолти картони.
Кој е виновен за денешната елиминација од купот?
Кој е виновен што Вардаровите навивачи никако да му дадат еден посебен шмек на финалето на националниот куп?
Едно е сигурно, вината секако мора да ја бараме во нашите редови.
Напразно се обидуваат фудбалерите да се извадат после денешната елиминација.
Да, сите знаеме дека е срамота ова што се случи, но на тоа мораа да размислуваат пред да заминат на зимска пауза уште од пред месец дена.
Во последните неколку меча не одиграа апсолутно ништо.
Сигурни сме дека да играа деца од трибина, пионерите да ги пуштеа на терен, ќе имаа поголема желба и мотивација на теренот отколку нашите примадони.
Ова се случува кога чашката алкохол е поважна од тренингот.
Ова се случува кога слободното време наместо за одмор, се користи за "дрвосување" во околните Скопски дискотеки и кафиќи.
Ова се случува кога тотален аматер е на клупата на Вардар. 
Уште колку кредити ќе добива Андреев? 
Ја прокоцка цела ланска сезона, сезонава одвај финиширавме први со буџет 2-3 пати поголем од останатите екипи, со подготовки какви што останатите екипи можеа да сонуваат, а сега успева да испадне од купот од Ренова, која е на средината на табелата и која после првиот меч имаше негатива од два поени на Градски.
Фановите на Вардар се сложни, Андреев ги потроши сите свои шанси и време е да му се покаже излезната врата на клубот.
Дали во Вардар постои организациски хаос и фудбалерите кои се носат, потпишуваат за нашиот клуб само затоа што нивни менаџери се луѓе поврзани со клубот и луѓе кои веќе имаат некакви функции во клубот?
Во медиумите се вртат суми од 8000 евра кои му се нуделе на месечно ниво на Стефан Вујчиќ од Работнички. Дали во клубот има еден нормален се прашуваме ние? Клубот немаше ни пола од оваа сума да му понуди на великан како Ацо Стојков кој им покажа на другите играчи како се игра во оваа лига, но затоа се расфрла со огромни суми за други играчи, кои сигурно нема да донесат којзнае какво подигнување на нашата игра.
Вистина, Вујчиќ е на листата на желби на многу наши фанови и навистина дечкото покажува квалитет за нашата лига, но со тие клубот може да испазари многу подобро.
Во претходните постови набројавме некои играчи кои квалитативно не одговараат на нашиот клуб. По се изгледа дека освен квалитативно, немаат ниту мотивација за да ги носат црвено-црните бои.
Дали се свесни каква чест треба да имаат што го носат дресот на Вардар? Дали се свесни дека кога го носиш дресот на Македонскиот фудбалски бренд, треба буквално да гризеш на секоја педа на теренот?
Тоа и го правеа на дел од дерби мечевите, особено на оние против Шкендија, но затоа во дуелите со послабите противници, мислеа дека победата сама ќе си дојде. Додека нашите ѕвезди не успеваа ни да се испотат на теренот во ваквите мечеви, нашите противници успеаа да ни одзедат едно куп бодови, а ете во случајов и да не елиминираат во купот.
Сите треба да се засрамите, а очигледно само една дебела казна по вашите џебови ќе биде лекот за ноншалантноста која ја презентирате на теренот. 
И не е вината само кај вас, нека си стават прст на чело и оние кои како пијавици се мотаат во клубот, а гледаат сао да украдат некој денар. 



Во еден месец земате пари колку што еден просечен Македонец зема во 3-4 години заедно, а сепак кој и да истрча на терен би имал поголемо срце од вас. Играта со срце не се купува со пари, таа треба сама да ви дојде кога го носите дресот на еден клуб. Ако не давате се од себе во црвено-црниот дрес, тогаш отворени ви се вратите да го направите истото во некој дрес со друга боја!

Вардар се мачи да победи вон Скопје, Вардар со години не може да ја совлада Ренова во Тетово, ниту пак Турново на нивен терен. Чиста среќа што Тетекс домашниот меч против нас го играше во Ѓорче, иначе можеби ни бодот кој го освоивме немаше да го земеме. Доколку немавме среќа во Штип, и не постигневме гол во 93-та минута, ниту од таму немаше да заминеме од три бода. Иако освоивме бодови во Битола и во Тетово со Шкендија, заедничко за сите мечеви е дека игравме многу слабо, во најмала рака изедначено со противникот.

Ние веруваме дека нашиот состав има квалитет да гази во оваа лига, но не мотивираноста на играчите е на загрижувачко ниво. Кога ќе се комбинира со тактички неспремниот тренер, доаѓаме во ситуација да имаме само 3 бода предност на полусезона и да отпаднеме од купот уште во четврт-финалето.

Наградно прашање, дали може Андреев да ја повтори минатата сезона и да останеме без титула на крајот на тековнава сезона? Дали може да останеме и без пласман од Европа?


No comments:

Post a Comment