Еден живот една љубов

Еден живот една љубов

Monday, April 4, 2016

Соопштение по повод настаните на дуелот Слога-Вардар

Поминаа повеќе од 24 часа од завршувањето на дуелот Слога-Вардар во кој бевме сведоци на немили сцени за време на истиот и по последното судиско свирче. Напад врз гостинските фудбалери не е ништо чудно кога се работи за натпревар во Чаир или Тетово, особено доколку домашната екипа го загуби натпреварот. Среќа што во оваа сезона Слога ретко губи на домашен терен, инаку со сигурност ќе гледавме повеќе вакви сцени. Чаирскиот прволигаш со години наназад забранува присуство на гостински навивачи на својот стадион, а очигледно е дека причина за тоа е немоќта да ја гарантираат нивната безбедност, како што другите клубови ангажираат полиција и специјални единици кои ги чуваат нивните фанови кога Слога настапува како гостинска екипа. Во првата полусезона, во делот во кој требаше да бидат сместени членовите на управата на Слога, дел од нивните карти ги добиле членови на навивачката група Шверцери кои беа нападнати од Вардаровата публика во моментот кога го прославија првиот погодок. На истите во најбрз можен рок им беше обезбеден цел дел од северната трибина и безбедно го догледаа натпреварот. И покрај се, ова беше повод да повеќето Албански медиуми се кренат на нозе, давајќи снимки од анти-албанско скандирање, напад врз нивни фанови во и надвор од стадионот. Ширењето на анти-Комитска пропаганда е веќе видена приказна во случај кога има инциденти кога Вардар е домаќин. Се крева на нозе целата јавност, се прават контактни емисии во кои се зборува за етничките инциденти и соживотот во Македонија, лица од власта одат на посета кај Албанците гарантирајќи дека сторителите ќе бидат веднаш пронајдени, лица од најразни невладини организации упатуваат пораки за соживот организирајќи маршови на мирот и критирајќи ги дивјаците од Македонска националност, а највеќе патат оние кои редовно го следат Вардар, бидејќи полицијата ги распитува сите што некогаш биле или во моментот имаат некаква улога во Комити. Клубот добива казна, навивачите добиваат кривични пријави, а се намалува бројот на публика на стадион.
Поголем инцидент во кој биле инволвирани противнички играчи одамна не се случил на Градски.
За жал, истото не можеме да го кажеме за натпреварите е Слога. Само во последните 3 сезони, играчи на Вардар беа три пати нападнати во Чаир.
Се започна со еден првенстен дуел во кадетска конкуренција кога од еден од влезовите на стадионот во Чаир, на терен влетаа неколку членови на Шверцери и се обидоа да ги нападнат нашите фудбалери (видеото е тргнато од јутјуб). Традицијата продолжи наредната сезона кога во младинскиот куп дуел, овојпат настрадаа 4 младинци на Вардар од Албанска националност. 


Нашиот клуб испрати сооштение во кое изјавија дека биле нападнати од неуниформирани лица, додека приемот од раководството на домаќините бил одличен. Чаирскиот клуб доби казна од 10 дуели, која потоа беше намалена на само 3 дуели.


Додека Слога настапуваше во третата лига, на дуелот со Башкими еден од гостинските фудбалери беше прободен со нож. За овој напад во кој настрадаа уште неколку гостински фудбалери, одново не беше изречена најстрогата казна. Добија казна од 10 дуели кои мораа да ги одиграат на 50 километри од нивниот стадион.

На вчерашниот дуел се очекуваше наелектиризрана атмосфера каква што наликува на дербито меѓу овие две екипи. Преку навредливото навивање може да се премине, бидејќи тоа е секојдневие на Балканот. Она преку што судијата Мечкаровски не смееше да премине е погодувањето на на нашиот фудбалер Горан Попов со стаклечно шише од публиката. Сме биле сведоци кога за нешто вакво се прекинувале натпревари или во најмала рака се чистеле трибините и мечот продолжувал без публика. Немаше никаква реакција и ситуацијата се среди за неколку минути.


Еве како изгледа грбот на Попов по вчерашните случувања. Ништо чудно да прочитаме дека и самиот се удрил и си ја направил модринката. Можеби паднал по скали, затоа што за судиите и делегатот се беше регуларно.


Обидете се да внесете стаклено шише на Градски. Дури и при ваква очајна посета имаме таков претрес, што не се дозволени ни железни монети да внесеш, иако дури и да сакаш да погодиш некого нема шанси да дофрлиш до теренот. 

Страстите особено се разгореа откако Вардар постигна победнички погодок и мирно го приведе мечот кон крајот. Мечкаровски не ја изврши својата должност да нареди повлекување на публиката од теренот, откако истата влезе позади нашиот голман уште пред да заврши натпреварот.


Мечот се играше 93 минути, а можеме да забележиме каде е публиката на минута и пол до крајот. Судиите некогаш реагираат доколку резервен играч се загрева позади гол или крај аут линија, но во Чаир не важат такви правила. Секој може да си влезе на терен во било кој дел од мечот и да си тера своја правда.

И откако не успеаа да го деконцентираат нашиот голман, решија дека фудбалерите треба да бидат нападнати.

Нападот е започнат од редарите на клубот, истите кои треба да го обезбедат натпреварот. Замислете наместо нашите редари и полицијата да ги одведеа на безбедно членовите на управата на Слога на првиот натпревар, почнеа да ги маваат или да остават да бидат натепани?

Вардар не може ниту да си однесе членови од управата на трибините во Чаир, откако тој потег се покажа небезбеден на натпреварот Шкендија-Вардар во Куманово, кога членовите на нашата управа беа нападнати за време на натпреварот, додека автобусот со фудбалерите беше каменуван.

Епилог на инцидентите е напад врз Пачовски и Грнчаров и скршен нос на Којашевиќ кој со боксирач бил удрен од еден од редарите. 

Одлуката за инцидентите ќе биде донесена утре, но тоа што нас не револтира е што ваквите случувања се сметаат за нормално во нашата држава и не наидуваат на никаква осуда кога извршители се луѓе од Албанска националност. Мора да го искажеме нашето ОГРОМНО РАЗОЧАРУВАЊЕ од реакцијата на нашата управа.
Или уште подобро кажано, фактот што 24 часа по мечот нема никаква реакција од наша страна.

Несфатливо е како можеш да дозволиш фудбалерите да ти настапуваат во такви услови. Па, зарем некое посериозно засилување ќе сака да потпише за Вардар и да настапува на стадиони во кои може некој навивач слободно да влезе на терен и да го нокаутира? Дошол Којашевиќ да игра фудбал во Македонија и некој идиот доаѓа на терен и му го крши носот. Тренерот не сакал да даде никаква изјава, претседателот на клубот, спонзорот и целата управа се кријат во глувчешка дупка. Молчење за мир во куќата. Замислете клубот од Чаир излегува со соопштение со кое се оградува од случувањата и ВИНАТА ЈА БАРА КАЈ НАШИТЕ ИГРАЧИ И СУДИИТЕ. До кога нашиот клуб ќе дозволува разни клупчиња да си играат со името на Вардар и постојано да не посочуваат дека сме победувале со помош на судии, иако истото нема никаква врска? Клубот чии навивачи предизвикале два инциденти за време на дуелот, вината ја бара кај нас и од нашиот клуб нема НИКАКВА РЕАКЦИЈА?!
Клубот од Чаир го оправдува нападот затоа што нашиот тренер го прегрнал нашиот голман на само неколку метри од публиката како прослава за победата и тоа било провокација за нив. Како ли само можел да помисли да ја прослави победата...

Ја нема ниту Шкендија да тера своја правда за овој инцидент, како што бараа драконски казни за Вардар за инцидентите на првиот дуел на Градски. 
Го нема ниту уредникот на Алсат кој после првиот дуел на Градски напиша сто колумни против Комити, постирајќи слики во дрес на Слога. Ги нема ниту ЗАГРИЖЕНИТЕ наводни екс членови на Комити (и верни Вардарци кои прашање е дали некогаш присуствувале на натпревар на Вардар) кои после инцидентот изјавуваа дека биле засрамени од нашиот однос низ најразни портали.

Надвор од секој разум е да не застанеш во одбрана на своите фудбалери кои се третирани како топовско месо на овие гостувања. Дојде на ред секој сељак во државава да ги навредува и физички да ги напаѓа нашите фудбалери, а управата на клубот не превзема ништо за да ги заштити. Покрај тоа што се професионалци, они пред се се луѓе. Луѓе кои имаат фамилија, кои го носат нашиот дрес за да заработат за живот и се борат за боите на клубот. Не можеш поради мир во куќа, да ги оставиш нивните најблиски да бидат под стрес за време на гостувањата од ваков тип и да мислат дали некој ќе ги погоди со камен по глава или ќе влезе да им го скрши носот со боксирач.  

Постои нешто што се вика повлекување на екипата од терен, закана за отстапување од лигата, а во најмала рака едно барем објавете едно соопштение со кои реално ќе ги документирате и прикажете настаните. На крај краева, секогаш може да се врати со иста мерка. Делумно вината е и кај ФФМ. Ја наполнија касата со парични казни од Македонските клубови, а на секој инцидент на Албанска екипа се прогледува низ прсти. Каде е Илчо да го проследи дербито на колото? Дали некогаш присуствувал на дуел во Чаир? Додуша ова се случува во секој спорт. Можеме да се потсетиме на младинското кошаркарско полуфинале во кое кошаркарите на КК Вардар беа нападнати од навивачите на НБА Чаир откако успеаа да слават на нивен терен. Со часови беа затворени во соблекувалните во салата во Бутел во која Чаирчани играа како домаќини. Ниту присуството на претседателот на МКФ не придонесе да бидат спречени инцидентите, па истиот беше и погоден со тврд предмет.
Дали некој ќе покрене инцијатива за очигледно наместените дуели меѓу Слога и Шкендија? Шкендија се расфрла со пари по сите екипи, но тоа што го прават со Слога ги надминува сите граници. Слога досега им подари 9 бодови, а против нас играат како да е финале на ЛШ. 
Во една реална ситуација, Шкендија ќе добиеше дебела казна за инцидентире од првиот меѓусебен дуел, а Слога досега ќе беше исфрлена од лигата. Но, ова е Македонија, каде што за мир во куќа, ќе се премолчува секој етнички инцидент за да не се навреди малцинството.

Ако ФФМ сака да го спаси Македонскиот фудбал, сега е момент да се покажат заби. 
БАРАМЕ ИСФРЛАЊЕ НА СЛОГА ОД ЛИГАТА, во најнизок ранг, иако ниту таму не им е местото, затоа што ќе имаат поголема слобода да збрцаат некој противнички играч со нож. 

Се спротивно на оваа одлука го сфаќаме како кумување на инцидентите во кои се напаѓаат наши фудбалери и во иднина ќе продолжи нашето незадоволство демонстрирано со скандирање против оваа лоповска гарнитура во фудбалот и неприсуство на натпреварите на приватната репрезентација на најразни менаџерчиња од оваа држава.

Сликите употребени во постот се преземени од Спортмедиа.мк и од веб страната на ФК Вардар.