Еден живот една љубов

Еден живот една љубов

Wednesday, December 10, 2014

Пет дена после бламажата во Купот против Ренова

Поминаа 5 дена откако Вардар доживеа срамна елиминација од Македонскиот национален куп во кој бевме исфрелни од екипата на Ренова, екипа која според играчите и финансиите со кои располага требаше да биде "лесен залак" за Вардар. Меѓутоа на теренот не секогаш победува оној кој е подобар на хартија, па Тетовчани покажаа дека всушност они се класа над Вардар во моментов, постигнувајќи 5 гола против нас, и одбранувајќи ја својата мрежа во два наврата за само две недели. За овој дебакал кој го доживеавме и по 5 дена сеуште никој не поднесува одговорност.
Во Вардар владее тотален мрак околу раководството. На крајот од пролетва, некаде во средината на мај кога завршивме на срамната 5та позиција и не успеавме ниту излез во Европа да обезбедиме, иако на полусеозната бевме на делба на првата позиција, истото раководство се сокри од јавноста, немајќи доблест да открие која е причината зошто завршивме на тоа 5то место. Потоа избркаа 10тина фудбалери, потег од кој веројатно требаше да заклучиме дека токму квалитетот на составот бил главната причина за ланскиот неуспех. Попусти беа критиките од Вардаровите фанови, освен скромно соопштение дека тренерот Андреев не е виновен за неуспехот и дека ќе продолжи со работата на кормилото на Вардар, не беше даден одговор на ниту едно нивно прашање.



На Андреев му беше дадено доволно време да создаде нов тим, да ги подготви како што посакува и конечно да го исполни тоа што беше ветено пред стартот на првенството.
Помина уште една полусеозна во која на располагање имавме фудбалери кои самите ги селектираа и ги донесоа, но одново не успеаа да го остварат најавеното дека ќе видиме еден нов, Европски Вардар кој беспоштедно ќе ги меле противниците во оваа лига и ќе им ја донесе на навивачите долго очекуваната двојна круна.

Како во мај така и сега, управата ја нема никаде. Како да се сокриле во глувчешка дупка и чекаат да потпишат нови играчи преку кои би да нашле материјал за појавување на пресконференција и повторување на истите приказни дека со новите засилувања ќе видиме еден нов Европски Вардар. Како поминува времето, се повеќе сме скептици дека Вардар некогаш ќе добие раководство кое навистина ќе работи Европски, ќе ги прифати оправданите критики упатени кон нив и ќе ја признае секоја своја грешка. Секој успешен и чесен човек кој раководи со нешто кое не е само негова лична сопственост, треба да има доблест да излезе пред јавноста и понекогаш да признае дека згрешил и не ја исполнил зацртаната цел, па дури и да побара извинување од пошироката маса. Најлесно е да се излезе на прес-конференции кога се постигнуваат успеси, особено кога имаш услови за работа многу подобри од останатите. Тешко е да превземеш одговорност кога клубот ги нема посакуваните резултати и кога не ги задоволува апетитите на неговите навивачи.
Доста се бараа оправдувања на други места, овојпат виновниците се исклучиво во нашите редови.
Во Македонија има еден голем проблем што луѓето сметаат дека навивачите немаат право да бараат одговорност од одговорните во клубовите. Тотално не точно, навивачите не смеат да се мешаат во раководењето на клубот, но во секое време можат да побараат одговорност доколку во нивниот клуб не се работи доволно добро.
Дали раководството на клубот ќе реагира правилно и навистина ќе ги послуша, притоа менувајќи нешто во својата клупска политика или ќе си остане нема и ќе си тера како што си зацртала е нивна работа. Но, тогаш и самите си знаат дека со првото решение ќе добијат голем плус кај фановите, а со второто ќе бидат уште повеќе шиканирани од јавноста. Нели би ве исполнило повеќе доколку навивачите ве почитуваат и се радуваат на вашата работа во клубот?
Нормално, парите кои се вложуваат се ваши и вие можеби и немате должност да одговарате за вашите постапки, но нели би било подобро доколку ги слушнете своите фанови, кои со сигурност критикуваат за ваше добро? Нели е подобро да ги следите стапките на големите Европски клубови за конечно и ние да го добиеме епитетот Европски Вардар? Или ќе ги следите чекорите на Динамо Загреб, приватен клуб кој практично ги избрка своите фанови од трибините?



Можеби нашата управа би пробала да се извади на одличниот резултатски старт во кој Вардар тешко доаѓаше до победите и имаше добри настапи кои се бројат на прстите од една рака.. Но, сите што го следеле нашиот клуб во оваа полусезона се согласни дека Вардар не игра како што треба да игра клуб кој ги има убедливо најдобрите услови во лигата. После ова може да констатираме дека не било минатосезонското бламирање на Андреев само поради фудбалерите кои биле спори, тромави, слаби, туку има нешто и во неговото знаење кое очигледно го има премалку и е доволно за тренирање на дечиња од 13-14 години. Тој самиот изјави дека нема екипа што може на Вардар да му даде 2 гола за да брзо екипата на Ренова го демантира т.ш. на два пати ни даде два или повеќе гола.
Затоа навивачите на Вардар бараат одоговрност да поднесе и тренерот. Ако успеа летоска да преживее, дефинтивно зимава треба да си замине, затоа што ги потроши сите кредити кои ги доби од нашето раководство. За раковдството што да се каже, луѓе кои немале никаква професионален ангажман во фудбалот пред да бидат поставени за директори во Вардар. Такви луѓе тешко дека би не довеле до епитетот Европски тим, а за нив имаше интерсна статија во еден спортски портал со која доаѓаме до заклучокот дека "во фудбалот или знаеш или не знаеш", трето за жал нема. А оваа гарнитура факт е дека не знае како се води фудбалски клуб ,посебно не клуб како Вардар. Сериозен клуб пред секој натпревар одржува пресконференција, известува редовно за работењето на клубот, не ги крие финансиските примања на фудбалерите ниту пак должината на нивните договори. Сериозен клуб не заборава да ја обнови веб страната на подолг временски период, а маркетингот највеорајтно им е непознат поим, затоа што во ФК Вардар и воопшто да го нема. Не сакаме да им ги ставаме на душа и шпекуалциите за грешките со недонесување или донесување на некои играчи, затоа што тоа е се во сферата на шпекулациите, иако со оглед на тоа дека сме мала земја, кај нас лесно се дознаваат и потврдуваат некои работи кои кружат како чаршиски муабети.

Затоа е потребно во Вардар да дојдат луѓе кои се разбираат од оваа работа, луѓе кои фудбалот го имаат во малиот прст, кои знаат која е цената на еден играч, а не да се расфрлаат со пари и со давање на огромни плати на играчи кои не вредат ни пола од тоа. Сакаме одговорнсот, затоа што не смее некој да си игра со ФК Вардар, да учат занает на грбот на Вардар и да ја полнат својата биографија на сметка на нашиот клуб. Фудбалерите истотака ако имаат доблест треба да излезат и да се извинат да навивачите за својата незаинтересирана игра на теренот, не мотивираност, како и за очигледното дремење по кафиќи до раните утрински часови и уживање во алкохолот кое најверојатно е еден од факторите за ваквата нивна игра. Знаеа дури и кога победуваа да го свртат грбот на навивачите на Вардар и да не дојдат ни да ги отпоздрават иако се единствените кои добиваат поддршка на секој меч, поради тоа што се почувствувале навредени од коментарите на некои фанови. И покрај тоа не беше превземена никаква мерка како што би направила некоја група од соседството, само за доброто на Вардар и задржување на каков-таков однос меѓу играчите и навивачите, нешто што де факто е најважното доколку сакате добра хемија во тимот, за на крај да немаме никакво јавно извинување за последните слабо изиграни мечеви и елиминацијата од купот.
А не е многу тоа што го бараме, само транспарентна работа и да се биде голем и во победа, но и во пораз!

















No comments:

Post a Comment