Еден живот една љубов

Еден живот една љубов

Friday, December 12, 2014

Како статистички помина ФК Вардар во 2014 година

Сезона 2013/2014
Напредок-Вардар 0-1 (Наумовски 45)
Вардар-Пелистер 1-1 (Наумовски 41)
Работнички-Вардар 2-1 (Асани 37)
Вардар-Шкендија 1-2 (Петров 69)
Македонија ЃП-Вардар 2-2 (Петров 1, Асани 4)
Вардар-Напредок 6-0 (Деспотовски 21, 44, Бујчевски 26, Асани 39, 41, 62)
Гостивар-Вардар 0-2 (Петров 68, Ивановски 78)
Вардар-Ренова 5-1 (Асани 17, 54, Лазаревски 37, Таневски 49, Грозданоски 72)
Металург-Вардар 2-1 (Ивановски 90)
Вардар-Пелистер 0-0
Вардар-Горно Лисиче 1-0 (Деспотовски 65)
Работнички-Вардар 3-1 (Петров 70)
Вардар-Турново 2-1 (Петров 39, Ивановски 70)
Брегалница-Вардар 0-0

Сезона 2014/2015
Пелистер-Вардар 0-1 (Петров 50)
Вардар-Шкендија 3-0 (Ивановски 34, 75, Дашијан 55)
Брегалница-Вардар 1-2 (Хамбарџумијан 18, Петковски 90)
Тетекс-Вардар 2-2 (Ивановски 15, Петров 55)
Вардар-Турново 0-0
Металург-Вардар 1-4 (Асани 7, Грнчаров 11, Грозданоски 65, Ивановски 76)
Вардар-Ренова 1-1 (Петковски 69)
Работнички-Вардар 0-2  (Петковски 16, Таневски 58)
Вардар-Силекс 2-0 (Петковски 24, Хамбарџумијан 87)
Вардар-Пелистер 1-0 (Петковски 45)
Шкендија-Вардар 1-2 (Петковски 6, Грнчаров 16)
Вардар-Брегалница 1-0 (Дашијан 35)
Вардар-Тетекс 5-0 (Петров 13, Ивановски 20, 87, Дашијан 63, Иванов 83)
Турново-Вардар 0-0
Вардар-Металург 3-1 (Дашијан 14, Асани 33, 47)
Ренова-Вардар 3-0
Вардар-Работнички 0-0


Во изминатава 2014 година, Вардар одиграл 36 натпревари, од кои 31 биле првенствени и 5 во Македонскиот национален куп.



Во првенството на Македонија, Вардар освоил вкупно 60 бодови од можни 93, што претставува учинок од 64,5%, или со други зборови сме победувале приближно 4 меча во одиграни 7 натпревари.

На домашен терен сме биле доста уверливи освојувајќи 35 бодови од вкупно 48 (учинок од 72,9%), а повеќето бодови сме ги загубиле во втората полусезона од сезоната 2013/2014. Единствената екипа која во 2014 година се радувала во Скопје е Тетовска Шкендија, која не совлада во ланската сезона со 1-2. 

На 16 мечеви одиграни на Градски, Вардар дури 10 пати успеал да ја одбрани својата мрежа, а само Шкендија успеала да постигне повеќе од еден погодок. Вардар три пати не успеак да ја затресе противничката мрежа, а најефикасен бил против Напредок кој примил 6 парчиња, додека со петарда биле поздравени Ренова и Тетекс.

Сосема друг Вардар сме гледале на гостинските мечеви во првенството. Освоени се 25 бодови од можни 45, што е нешто малце над просекот (учинок од 55,6%). На гостувањата, Вардар само еднаш успеал да постигне над 2 гола, и тоа 4 против Металург во мечот одигран во Ѓорче. На 15 гостински мечеви, дури 6 Вардар го одбранил својот гол, додека противничката мрежа останала не затресена на 4 натпревари. Највисокиот пораз општо и на домашен и на гостински терен, ни го нанесе Ренова со 3-0, а тоа е и најголемиот број на погодоци кој Вардар ги примил на еден меч. Три погодоци против нас постигнал и Работнички. 

Интересно е што вон Скопје, Вардар изиграл само 8 мечеви. Иако на повеќето мечеви имавме очајна игра, сепак сме оствариле позитивен скор од 5 победи, 2 нерешени и само еден пораз од Ренова. Всушност, освен на овој меч против Ренова, Вардар на останатите 7 меча вон Скопје примил само 1 гол.

Во првото полувреме нашите играчи постигнале 28 голови, додека во вториот дел три гола помалце, односно 25, нешто што е доста ретко во фудбалскиот свет, каде што воглавно екипите постигнуваат повеќе погодови во вторите 45 минути.

Од 53-те погодока на Вардар, напаѓачите постигнале 18 погодоци, играчите од средината заедно со крилата постигнале 26 погодока, додека дефанзивците постигнале 9 погодока. Притоа, при пресметките, Грозданоски се брои како дефанзивец поради неговата улога на лев бек на крајот од оваа полусезона. Најдобар стрелец во првенството е младиот Јасир Асани, чие дело е и единствениот хет-трик што го постигнал играч на Вардар во 2014 година во првенствените натпревари.

Листата на стрелци во првенствените мечеви одиграни во 2014 година е:
Асани 10
Ивановски 9
Петров 8
Петковски 6
Дашијан 4
Деспотовски 3
Грнчаров 2
Хамбарџумијан 2
Грозданоски 2
Таневски 2
Наумовски 2
Иванов 1
Бујчевски 1
Лазаревски 1


Куп 2014/2015
Влазними-Вардар 1-9 (Петковски (10, 46, 87, 88), Петров (44, 61, 66), Иванов (75, 85)
Шкендија-Вардар 2-1 (Грнчаров 15)
Вардар-Шкендија 3-0 (Асани 3, Дашијан 34, Таневски 37)
Вардар-Ренова 3-1 (Асани 40, Петров 71, Темелков 87)
Ренова-Вардар 2-0



Купот е веќе минато за нашите фудбалери, откако Ренова не елиминираше во четвртфиналето. Ќе остане запаметено дека највисоката победа во 2014 година остварена во било кое натпреварување ни е триумфот против третолигашот од Струга, Влазними, кој го совладавме со 1-9 во првото коло. Во купот вкупно сме постифнале 16 гола на 5 средби, а сме примиле 5. Само на еден меч не сме постигнале гол, но истотака и само на еден меч сме ја одбраниле нашата мрежа. На домашен терен имавме перфектен учинок, но на гости на два пати загубивме во Тетово, кај Шкендија и Ренова. Во купот, Петковски постигнал 4 гола, сите на мечот со Влазними, а 4 погодови има и Петров од кои 3 против Струшкиот противник. После тој меч, и Петковски и Петров си запишаа еден хет-трик зад своето име во оваа календарска година. Напаѓачите постигнале 4 гола во купот, играчите од средината и крилата 10 погодоци, додека дефанзивците биле стрелци два пати.

Листата на стрелци во мечевите од купот одиграни во 2014 година е:
Петров 4
Петковски 4
Асани 2
Иванов 2
Грнчаров 1
Таневски 1
Темелков 1
Дашијан 1

Навивачите на Вардар во 2014 година се израдувале на вкупно 69 постигнати погодоци на нивните миленици, а "тагувале" на 29 постигнати голови на противниците на Вардар.
Од 69-те погодоци, по 12 постигнале Асани и Петров, и ако се додадат 10-те погодока на Петковски, овие три играчи заедно, постигнале половина од погодоците на Вардар. 
Напаѓачите ги треселе противничките мрежи во 22 наврати, играчите од средината и крилата стрелале 36 пати, додека дефанзивците постигнале 11 погодоци.
Доста загрижувачки делува фактот дека напаѓачите постигнале само дупло повеќе голови од дефанзивците и фактот што играчите од средината имаат 14 голови повеќе од нашите најистурени играчи 


Вкупната листа на стрелци во 2014 година е:
Асани 12
Петров 12
Петковски 10
Ивановски 9
Дашијан 5
Деспотовски 3
Иванов 3
Грнчаров 3
Таневски 3
Хамбарџумијан 2
Грозданоски 2
Наумовски 2
Бујчевски 1
Лазаревски 1
Темелков 1

No comments:

Post a Comment